Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта ја информира јавноста дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Екипите на „Македонија пат“ целосно се мобилизирани и во изминатото деноноќие со сите расположливи човечки и технички ресурси во континуитет работат на терен за да се обезбедат непречени услови за безбедно одвивање на сообраќајот.
„Нашите екипи континуирано ја следат состојбата на патиштата и со максимална ангажираност се работи на терен на навремено расчистување, одржување и обезбедување на проодноста на патните правци, посебно на планинските превои.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да покажат дополнителна внимателност и одговорност при управувањето со своите возила.
Препорачуваме прилагодена брзина на движење согласно условите на патиштата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата особено во услови на намалена видливост. Потсетуваме на задолжително поседување на зимска опрема во возилата.
Јавното претпријатие во континуитет ја следи состојбата на патиштата и навремено ги ангажира сите расположливите ресурси, со цел обезбедување безбедни и проодни патни правци низ државата“, се вели во соопштението на препријатието.
Фото Економија и бизнис








