ЦЕНИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ВО ИНПУТОТ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА СЕДУМ ПРОЦЕНТИ

Цените во земјоделството во август 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 7,0 % кај инпутот, а намалени за 2,2 % кај аутпутот, објави Државниот завод за статистика.

Во делот инпут, во август 2026 година, во споредба со август 2025 година, кај цените на 
инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) има зголемување за 
6,8 %, а кај цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) зголемувањето е за 9,0%.

Во делот аутпут, во август 2026 година, во споредба со август 2025 година, цените на растителното производство се намалени за 2,4 %, а цените на добиточното производство се намалени за 1,6 %.

Главни поенти

Кај цените во земјоделството во август 2026 година, во однос на август 2025 година, се бележи следнава динамика:

  •  пониски се за 2,4 % кај растителното производство и
  •  за 1,6 % кај добиточното производство 

во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот

  •  повисоки се за 6,8 % кај тековно потрошените средства во земјоделството и
  • за 9,0 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството.

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано