„БРЕГЗИТ НЕ УСПЕА, ИЗГУБИВМЕ ПОВЕЌЕ ОД ТОА ШТО ДОБИВМЕ“, ПРИЗНАНИЕ НА БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР

Британскиот премиер Енди Бeрнам изјави дека Брегзит „не успеал“, пред објавувањето на преговорите за нов договор со Европската Унија (ЕУ). Како што објави неговиот кабинет, Енди Бернам ќе оцени дека ветувањето на поранешниот премиер Борис Џонсон дека Велика Британија ќе ја врати контролата врз сопствените работи останало неисполнето и дека земјата ја напуштила ЕУ под услови што непотребно ја отежнале трговијата и го ограничиле нејзиниот економски потенцијал.

„Тоа е како бајката на Андерсен за новиот костум на царот, никој не е подготвен да ја каже очигледната вистина. Јас го кажувам она што го гледам. Искрено, царот е гол. Брегзит каков што ни беше понуден не функционираше. Изгубивме повеќе отколку што добивме“, ќе каже Барнам, според однапред објавените делови од говорот.

Во саботата, на конференцијата на Лабуристичката партија во Велс, Барнам исто така рече дека Велика Британија „изгубила повеќе отколку што добила“ со напуштањето на ЕУ.

Британскиот премиер треба да се сретне со европските лидери оваа недела на самит каде што се очекува да постигнат договор за храна и земјоделство, трговија со емисии и програма за мобилност на младите.

Предложените аранжмани би можеле да го зголемат бруто домашниот производ на Велика Британија за 0,4 проценти, или околу 17 милијарди фунти, пренесува Н1.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано