БЕЗ СТРУЈА ПОВЕЌЕ КОРИСНИЦИ ВО БУТЕЛ И КАРПОШ

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска (4 јуни) без електрична енергија ќе останат корисници во општините Бутел и Карпош, информираат од ЕВН Македонија.

Од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците на улицата „Франце Прешер“, во близина на објектот број 141, во општина Карпош.

Во периодот од 12:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од булеварот „Босна и Херцеговина“ и улицата „Боро Менков“ во општина Бутел.

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Костурска“ и „Тале Христов Слога“, како и објектите Клиника ВФВ и Санте Плус 3 во општина Бутел.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано