Без струја делови од Бутел

Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Бутел.

-Без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис „Дон“ (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“ и „Боца Иванова“ (Општина Бутел), соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН.

Исто така, во периодот од 12.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Александар Турунџиев“ и „Рокомија“ (Општина Бутел). 


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано