Бесплатен Wi-Fi достапен во Општина Виница

Граѓаните и посетителите на Општина Виница од денеска можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi кој е достапен на градски плоштад ,,Ангел Винички”.

Wi-Fi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.

Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Македонија и Западен Балкан.

-Нашата Општина ќе биде една од 500 во регионот, кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија, соопштуваат од локалната самоуправа.

Сите граѓани и посетители ќе можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска кога се наоѓаат на градскиот плоштад.

Со оваа поддршка, Општина Виница продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница, нагласуваат од локалната самоуправа.

Повеќе од истиот автор

Најчитано