АВГУСТ Е НАЈТОПЛИОТ МЕСЕЦ НА ПЛАНЕТАТА  И ГО СРУШИ КЛИМАТСКИОТ РЕКОРД ВО ВОДЕНА ПАРЕА ВО АТМОСФЕРАТА

Атмосферата на планетата Земја содржела повеќе водена пареа во август отколку кој било друг месец во историјата на мерењата, што дополнително го зголеми ризикот од екстремна топлина и врнежи низ целиот свет, според податоците од Европската служба за климатски промени Коперник (C3S).

Климатолозите објавија дека глобалното затоплување придонело за овој рекорд бидејќи потоплата атмосфера може да содржи повеќе вода, а дека Ел Нињо, природен климатски феномен што е предизвикан од затоплувањето на површинските води во тропскиот дел на Тихиот Океан и слабеењето на пасатните ветрови, веројатно го зголемил и нивото на водена пареа.

Според податоците на Коперник, количината на водена пареа во атмосферата до август била 27,35 килограми на кубен метар, што е за 0,04 килограми на кубен метар повеќе од претходниот рекорд од јули 2024 година.

Август беше и најтоплиот месец на планетата, а најтопол според податоците на Националната океанска и атмосферска администрација на американската влада, кои датираат од 1850 година, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано