СЕ ПОДГОТВУВА РЕВОЛУЦИЈА НА БЕНЗИСКИТЕ ПУМПИ ВО ЕУ, се воведува евтино гориво Е20

Европската комисија подготвува револуција на бензинските пумпи низ Европската Унија! Во ЕК се размислува за воведување поевтино гориво, Е20, за борба против енергетската криза предизвикана од војната на Блискиот Исток, објави ексклузивно денес германскиот „Билд.де“. Станува збор за гориво кое содржи 20 проценти биоетанол. Предуслов за негово лансирање на европскиот пазар е промена на Директивата […]

Сончево и потопло време, температури до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува […]

Петмина лекари опфатени со акцијата на БЈБ против нелегални третмани и препарати, се сомнева дека групата била поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на фалсификувани ботокси, филери и други медицински препарати

Оделот за организиран криминал при БЈБ на МВР спроведе акција попладнево за истрага за нелегални медицински третмани и нерегистрирани препарати. Како што е потврдено, координираната акција е извршена на повеќе локации низ државата, насочена кон разбивање на мрежи кои, според информациите, вршеле нелегални медицински третмани и дистрибуција на нерегистрирани препарати. Според првичните сознанијата, во акцијата […]

СРБИЈА НЕМА ДА ДОЗВОЛИ НЕКОНТРОЛИРАНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

Народното собрание на Србија ја усвои Стратегијата за управување со минералните и другите геолошки ресурси на Република Србија до 2040 година, со проекции до 2050 година. Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека целта на тој документ е Србија одговорно и одржливо да управува со своите минерални ресурси, со развој на модерен, […]

Мицкоски: Фетаи ќе се врати во Брисел, нема да биде министер

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека Арбен Фетаи повеќе нема да биде министер за добро владеење и транспарентност и потори дека реконструкцијата на Владата најверојатно ќе се случи на крајот на мај или почетокот на јуни и најави множна ротација на ресори.  – Разговаравме јас и тој лично. И тој лично ми пренесе […]

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ЈА ВРАЌА НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА НА ГОЛЕМА ВРАТА ВО ЕВРОПА  

Четири децении по нуклеарната катастрофа во Чернобил, која го поттикна глобалниот страв од нуклеарната енергија и го забави нејзиниот развој во Европа и пошироко, се забележува оживување на нуклеарната енергија низ целиот свет, а тој тренд доби голем поттик од војната на Блискиот Исток. Повеќе од 400 нуклеарни реактори работат во 31 земја, уште околу […]

ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК НОСАТ НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ХРВАТСКА КОЈА ОЧЕКУВА ДОПОЛНИТЕЛНИ МИЛИОН ТУРИСТИ, кризата со керозин ги менува глобалните туристички текови

Актуелните тензии на Блискиот Исток, кои предизвикуваат прекини во воздушниот сообраќај и ги зголемуваат цените на горивата, ги менуваат глобалните туристички текови. Наместо далечни азиски и африкански дестинации, до два милиони повеќе луѓе би можеле да изберат да одат на одмор во регионот на Централна Европа оваа година, а Хрватска се издвојува како еден од […]

„Народ што чита ја разбира иднината“, изјави претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова,  на отворањето на Саемот на книгата

Речиси 30.000 посетители, повеќе од 130 промоции на наслови, присуство на над 60 издавачки куќи – богата програма со специјални попусти, книжевни панели и интерактивни работилници, ќе понуди  38. Саем на книгата, кој почна денеска и ќе трае до 29 април. Саемот се одржува во арената „Борис Трајковски“ со мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, […]

„Културата мора да биде дел од секојдневниот живот на граѓаните“,  изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски , по повод „Скопје – европска претстолнина на културата 2028“

Титулата европска престолнина на културата 2028 не се сведува на едногодишна културна програма, туку претставува долгорочен процес насочен кон трајна трансформација на градот и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Ова беше главната порака на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на „Скопје – […]

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село – […]