ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ПРВИОТ ЦЕНТАР ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, директно справување со нападите и дезинформациите во дигиталниот простор

Македонија ќе го доби првиот Центар за сајбер безбедност на Западен Балкан, кој ќе функционира на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Центарот ќе овозможи директно справување со нападите и дезинформациите во дигиталниот простор, а покрај нашата држава, ќе се приклучат и Албанија и Црна Гора. По тој повод денеска на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип присуствуваа Никола Варнс заменик-шеф […]

Интензивно ќе се имунизираат сите деца со пропуштени вакцини од редовниот календар за имунизација, одбележување на Европската недела на имунизација

Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, ја одбележува Европската недела на имунизација и по тој повод во сите здравствени домови и вакциналните пунктови низ државата се реализираат активности за потенцирање на важноста на имунизацијата. Како што соопшти Министерството за здравство, во текот на неделава, во здравствените домови се одржуваат предавања […]

КХВ – единствен регулатор од земја надвор од ЕУ во Меморандум за соработка на пазарите на капитал

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Бујаре Абази денеска во Блед заедно со регулаторите на пазарите на капитал од Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Хрватска, Словенија и од Бугарија, потпиша Меморандум за соработка на пазарите на капитал. – Комисијата за хартии на Република Северна Македонија е единствен регулатор на земја која не е членка на […]

Сиљановска-Давковa: Двојно државјанство не треба да има и за претседателот на државата и за министрите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека за неа измените на Законот за Владата, што се однесуваат на техничката влада, и тогаш кога се донесоа и сега, се неуставни и го поддржува предлогот на власта таа да биде укината од следните избори, но смета дека за укинувањето, исто како и кога се изгласа решението, треба да […]

ПЛАТИ ОД 2.600 ЕВРА ЗА КОМПЈУТЕРСКО ПРОГРАМИРАЊЕ,  просечната плата во Србија достигна 1.000 евра

Просечната нето плата во Србија во февруари 2026 година изнесуваше 116.127 динари. Просечната бруто плата (со даноци и придонеси) изнесуваше 160.067 динари, објави Републичкиот завод за статистика. Растот на бруто платите во периодот јануари-февруари 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, номинално изнесуваше 11 проценти, односно реално 8,3 проценти, додека просечната нето плата […]

ПО СЛУЧУВАЊЕТО ВО ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЌЕ СЛУШНЕМЕ ЗА НОВА ПОКРУПНА НЕПРАВИЛНОСТ КОЈА ЌЕ ЈА ИЗНЕНАДИ ЦЕЛАТА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ, најави министерката Јаневска

Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во таквите дејства, ќе утврдат соодветните органи, изјави денеска министерката […]

САД ГО ЗГОЛЕМИЈА ИЗВОЗОТ НА ТЕЧЕН ПРИРОДЕН ГАС, Европа е најголемиот купувач

Соединетите Американски Држави извезоа 14 милијарди кубни метри течен природен гас во февруари оваа година, што е за 21 процент повеќе во однос на истиот период минатата година, објавиja од Министерството за енергетика на САД. Најголем купувач беше Европа, каде што 72 проценти од вкупниот извоз беше испорачан со танкери, а главните дестинации беа Велика […]

НАФТАТА ПОСКАПУВА, СЛЕДУВА БРАН НА ПОСКАПУВАЊЕ НА АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ, евтините билети во економска класа се зголемија за 24 отсто

Војната во Иран предизвика верижна ценовна реакција во глобалната авиоиндустрија, со зголемување на цените на горивата, затворање на воздушниот простор и зголемени трошоци што ги принудија компаниите да ги намалат летовите, да ги пренасочат рутите и постепено да ги зголемат цените на билетите. Патниците во Европа веќе ги чувствуваат последиците, а експертите предупредуваат дека главниот […]

ВО ЕУ СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЧИТАТЕЛИ НА Е-КНИГИ, најмногу се чита во Ирска…

Во 2025 година, 9,5 проценти од жителите на Европската Унија купиле е-книги или аудио книги, во споредба со 7,3 проценти во 2024 година. Меѓу земјите од ЕУ, најголем дел од населението што купува е-книги и аудио книги е забележан во Ирска (24,5 проценти), Данска (22,5 проценти) и Хрватска (21,0 проценти), објави Европската статистичка служба – […]

ГОДИНАТА ПОЧНА ЛОШО ЗА БАНКИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА, добивката намалена за 30 отсто во првите два месеца од 2026

Според остварените финансиски резултати на почетокот на годината,  2026 нема да биде одлична година за словенечките банки. Во првите два месеци од годината, банките во Словенија остварија само 94 милиони евра добивка пред оданочување, што е речиси 30 проценти помалку отколку во истиот период минатата година, објави Банката на Словенија. По оданочувањето, добивката на банките […]