Просечната нето плата во Србија во февруари 2026 година изнесуваше 116.127 динари. Просечната бруто плата (со даноци и придонеси) изнесуваше 160.067 динари, објави Републичкиот завод за статистика.
Растот на бруто платите во периодот јануари-февруари 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, номинално изнесуваше 11 проценти, односно реално 8,3 проценти, додека просечната нето плата беше повисока за 11,2 проценти номинално и за 8,5 проценти реално.
Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната нето плата е номинално повисока за 12,2 проценти, додека реално е повисока за 9,5 проценти.
Во споредба со јануари, просечната нето плата беше помала за два проценти номинално и за 2,5 проценти реално.
Во јавниот сектор, просечната нето плата во февруари изнесувала 122.278 динари, што е зголемување од 12,7 проценти во споредба со истиот месец минатата година.
Во приватниот сектор, просечната нето плата е 113.634 динари, и е зголемена за 10,4 проценти во однос на претходната година.
Највисоки просечни плати во февруари во Србија се исплатени во областа на компјутерското програмирање со 303.650 динари (2.600 евра).
Дејности со најниска просечна заработка се подготовката и послужувањето храна и пијалоци, 68.554 динари, и други лични услужни дејности – 67.072 динари, објавија медиумите во Србија.
Фото Економија и бизнис







