КОМПАНИИТЕ ВО ЕВРОЗОНАТА ОЧЕКУВААТ УШТЕ ЕДЕН ИНФЛАЦИСКИ ШОК СЛИЧЕН ОД КОВИД ПЕРИОДОТ, анкета на ЕЦБ

Компаниите од еврозоната гледаат ризик од уште еден скок на инфлацијата сличен на оној што се забележува по пандемијата на Ковид-19, доколку војната во Иран се одолговлекува со месеци, нарушувајќи ги испораките на гориво, водород и хелиум, покажа анкетата на Европската централна банка (ЕЦБ). Кварталното истражување на ЕЦБ за големи компании покажа дека оние што […]

КАКО ЌЕ ЛЕТУВААТ ЕВРОПЕЈЦИТЕ ВО УСЛОВИ НА НАФТЕНАТА КРИЗА, НАЈПРИВЛЕЧНИ СЕ ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА, но со помал буџет за трошење

Интересот за патување е поголем од минатата година во ова време и највисок од 2020 година, а околностите ќе ги насочат патниците значително повеќе од минатата година кон Медитеранот. Најголемите победници во летната сезона 2026 година би можеле да бидат Шпанците и Италијанците, а Хрватска исто така има шанса да ги привлече оние кои ќе […]

ГРЦИТЕ СЕ НАЈРАБОТЛИВИ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДИТЕ, повеќе од една петтина од вработените во ЕУ работат за време на викендите, претежно во услугите и земјоделството

Повеќе од една петтина од вработените во Европската Унија, околу 21,3 проценти, редовно работат за време на викендите, а овој процент е највисок во услугите и земјоделството, покажуваат податоците на Евростат. Според извештајот, речиси половина од вработените на возраст од 15 до 64 години во услугите и продажбата, или 47,6 проценти, работеле во сабота или […]

ОД ВОЈНАТА ВО ИРАН БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ДУБАИ НАМАЛЕН ЗА 66 ОТСТО

Сообраќајот на аеродромот во Дубаи се намали за две третини во март по нападите на Иран врз Обединетите Арапски Емирати. Еден од најпрометните центри во светот превезе 2,5 милиони патници, што е за 66 проценти помалку отколку во март минатата година. Аеродромот помина низ „период на регионално нарушување“ што значително го ограничи капацитетот и распоредот […]

ЈУНИ Е ПРЕСВРТНИОТ МЕСЕЦ ЗА ДРАСТИЧЕН РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА, блокадите од Иран ги намалуваат резервите и неповолното сценарио станува поизвесно

Цените на нафтата поминаа низ силни дневни осцилации на пазарот, при што вредноста на референтната сурова нафта Брент достигна највисоко ниво по објавување на информацииите за напади со беспилотни летала на нафтени капацитети во  Обединетите Арапски Емирати. Цената на нафтата Брент надмина 115 долари за барел кратко по 18:00 часот по веста дека клучното нафтено […]

Србија од утре влегува во СЕПА

Од утре во Србија ќе бидат овозможени плаќања во рамките на шемата СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area) со што ќе се намали сегашната провизија за парични трансакции кон и од Европската Унија. Членството во СЕПА им овозможува и на испраќачот и на примачот на пари да имаат пониски трошоци и побрзо извршување на […]

Собраниска „виза“: Битола ќе добие Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола

Собраниската комисија за образование, наука и спорт даде поддршка на предлогот на закон за основање Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Членовите на комисијата на денешното прво читање на предложениот закон го отворија патот на решението со кое се овозможува трансформација на Високата медицинска школа во […]

Грција има амбиција да стане центар за увоз и транспорт на енергија кон Балканот

Грција има амбиција да одигра клучна улога во енергетиката и поврзаноста преку развој на инфраструктури, како што е Вертикалниот коридор, што ќе ја направи центар за увоз и транспорт на енергија и други производи кон Балканот, Централна и Источна Европа – посочи грчкиот претседател Константинос Тасулас при пристигнувањето на самитот на Европската политичка заедница во […]

ЗАЧЕСТИЈА ИЗМАМНИЧКИ ПОРАКИ ЗА НАПЛАТА НА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за него на лажна веб страница […]

ИФО: ГЕРМАНИЈА Е НА РАБОТ НА РЕЦЕСИЈА ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП, штетата за германската економија би била  речиси 15 милијарди евра во изгубено производство

Германската економија би можела да се соочи со сериозни последици оваа година во случај на нови американски царини, предупреди Клеменс Фуест, претседателот на Институтот Ифо од Минхен, водечки центар за економски истражувања. „Доколку ова се претвори во нова трговска војна, Германија ќе се соочи со рецесија во 2026 година“, изјави Фуест за весникот „Билд“. Американскиот […]