ГРЦИТЕ СЕ НАЈРАБОТЛИВИ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДИТЕ, повеќе од една петтина од вработените во ЕУ работат за време на викендите, претежно во услугите и земјоделството

Повеќе од една петтина од вработените во Европската Унија, околу 21,3 проценти, редовно работат за време на викендите, а овој процент е највисок во услугите и земјоделството, покажуваат податоците на Евростат.

Според извештајот, речиси половина од вработените на возраст од 15 до 64 години во услугите и продажбата, или 47,6 проценти, работеле во сабота или недела минатата година, а сличен удел е забележан во земјоделството, шумарството и рибарството и изнесува 47,2 проценти.

Меѓу работниците на нискоквалификувани работни места, уделот на оние кои работат и за време на викендите е 25,7 проценти.

Набљудувано според статусот на вработеност, само 18,5 проценти од вработените лица работат за време на викендите, додека овој удел е значително поголем кај самовработените (претприемачи): 45,8 проценти за оние кои имаат свои вработени (работодавачи) и 35,9 проценти за оние без вработени (самовработени).

Меѓу земјите од Европската Унија, Грција има најголем удел на вработени кои работат за време на викендите со 31,5 проценти, по што следуваат Кипар со 31,3 проценти и Малта со 29,2 проценти.

Најмалку луѓе кои работат за време на викендите пријавиле Литванија со три проценти, Полска со 4,2 проценти и Унгарија со 6,2 проценти, објави Евростат.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано