Сообраќајот на аеродромот во Дубаи се намали за две третини во март по нападите на Иран врз Обединетите Арапски Емирати. Еден од најпрометните центри во светот превезе 2,5 милиони патници, што е за 66 проценти помалку отколку во март минатата година.
Аеродромот помина низ „период на регионално нарушување“ што значително го ограничи капацитетот и распоредот на воздушниот простор, објавија од аеродромот во Дубаи.
Со оглед на тоа што воздушниот простор во Обединетите Арапски Емирати сега е целосно отворен, аеродромот ги зголемува операциите и бројот на летови.
Меѓународниот аеродром во Дубаи беше нападнат со беспилотни летала откако Обединетите Арапски Емирати беа цел на иранска одмазда по нападите на САД и Израел.
Сообраќајот се намали за 21 процент на 18,6 милиони патници во првиот квартал. Минатата година, аеродромот превезе рекордни 95,2 милиони патници, додека оваа година беше предвидено дека ќе бидат 99,5 милиони.
Фото Економија и бизнис








