ЈУНИ Е ПРЕСВРТНИОТ МЕСЕЦ ЗА ДРАСТИЧЕН РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА, блокадите од Иран ги намалуваат резервите и неповолното сценарио станува поизвесно

Цените на нафтата поминаа низ силни дневни осцилации на пазарот, при што вредноста на референтната сурова нафта Брент достигна највисоко ниво по објавување на информацииите за напади со беспилотни летала на нафтени капацитети во  Обединетите Арапски Емирати.

Цената на нафтата Брент надмина 115 долари за барел кратко по 18:00 часот по веста дека клучното нафтено пристаниште Фуџаира е цел, што претставува пораст од повеќе од 5% од почетокот на денот.

Според предупредувањата на аналитичарите, јуни би можел да стане пресвртница за глобалниот пазар на нафта поради блокадата на Ормускиот теснец, што ги намалува глобалните залихи под критичните нивоа. Фајненшл тајмс пишува дека, според предупредувањата од трговците и аналитичарите, глобалните залихи на сурова нафта, бензин, дизел и гориво за авиони ќе достигнат критично ниски нивоа до крајот на мај, по што ќе следи брза ескалација на цените.

Цените на нафтата денеска се зголеми за 3,8 проценти на 112,3 долари за барел, додека американската WTI исто така се зголеми за сличен износ на 105,6 долари за барел. Цената на нафтата од типот Брент минатата недела скокна на четиригодишен максимум од над 126 долари за барел, со многу нестабилно тргување поради истекот на договорите поврзани со испораките во јуни.

Најновите неделни податоци од Агенцијата за енергетски информации на САД (EIA) покажаа значителен пад на залихите, дури и со ослободување на еден милион барели нафта дневно од американските стратешки резерви на нафта.

Според податоците на EIA, залихите на бензин во САД паднаа на 222 милиони барели на 24 април, што е најниско ниво за овој период од годината за повеќе од една деценија.

Долго време се зборува за пад на пазарот. Слични сценарија за најлошиот можен исход циркулираат уште од почетокот на војната со Иран. Брокерските фирми предупредија на крајот на март дека цените на суровата нафта би можеле да пораснат на 200 долари за барел ако тековниот конфликт со Иран трае до јуни, а Ормускиот теснец остане затворен, проценувајќи ја веројатноста за тоа сценарио на 40 проценти, пренесува Индекс.хр.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано