Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во Тел Авив на MUNI EXPO за паметни градови  

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски го посетил MUNI EXPO во Тел Авив, еден од најзначајните меѓународни настани посветени на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и современото управување со кризи. На настанот, на кој бил заедно со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, присуствувале претставници на градови од светот, општини, институции и компании со можност да […]

Мерц со предлог до пратениците за пензиската реформа, која се случува еднаш во генерација

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика членовите на Долниот дом на Парламентот, или Бундестагот, да ја поддржат планираната пензиска реформа на неговата влада, велејќи дека тоа ќе доведе до „трајна стабилизација на пензискиот систем“. Зборувајќи во Бундестагот еден ден откако ги доби предлозите за реформа на системот за пензиско осигурување од владината комисија, Мерц рече: […]

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави за минимален глобален данок на добивка

На 30 јуни истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави за 2024 година врз основа на одредбите од Законот за минимален глобален данок на добивка и Правилникот за начинот на пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка, потсетува Управата за јавни приходи (УЈП). Законот, како што велат, предвидува мерки со кои се обезбедува […]

ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ ДА СЕ УПРАВУВААТ СО ВОЗРАСТ  ОД 18 ГОДИНИ И СО МАКСИМАЛНА БРЗИНА ОД 20 КМ/Ч, дополувања на законите во собраниска процедура

Во собраниска процедура влегоа измените и дополнувањата на Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој се предвидува минимална возраст од 18 години за управување со „лесно електрично возило“ – мопеди, електрични тротинети и мотоцикл. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски нагласи дека во последните години, иако појавата на електричните возила донесе […]

ТРАМП ГИ ОБВИНУВА ГОЛЕМИТЕ НАФТЕНИ КОМПАНИИ ДЕКА НЕ ГИ НАМАЛУВААТ ЦЕНИТЕ

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги обвини големите нафтени компании дека не ги намалуваат цените на горивата на бензинските пумпи и покрај, како што изјави, значителниот пад на цените на нафтата на пазарот. Тој оцени дека потрошувачите се оштетени на овој начин и објави дека му наложил на Министерството за правда на САД […]

САД ИЗДАДЕ МЕСЕЧНА ДОЗВОЛА ЗА ИЗВОЗ НА ИРАНСКА НАФТА, цената на барелот нагло падна

Цените на нафтата паднаа под 77 долари на меѓународните пазари во вторник откако САД издадоа дозвола за извоз на иранска нафта, а Иран возврати со тоа што дозволи енергетски бродови да поминат низ Ормуската Теснина. На лондонскиот пазар, барел нафта се тргуваше попладне за 1,03 долари пониско од вчерашната цена на затворање од 76,87 долари. […]

НАЈЖЕШКИОТ ДЕН НА ФРАНЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ, СРУШЕНИ 339 ТЕМПЕРАТУРНИ РЕКОРДИ, две деца починале во автомобил

Вчерашниот ден беше „најжешкиот ден некогаш забележан во Франција“ откако започнаа мерењата во 1947 година, соопшти националната метеоролошка и климатолошка служба Метео Франс. Само за еден ден беа срушени 339 нови температурни рекорди. Националниот термички индикатор во Франција достигна рекордни 29,8 степени, според привремените податоци собрани од јавната метеоролошка служба во вторник во 17 часот, […]

ГРЦИТЕ ИМААТ МОРЕ, НО НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ЕДНА НЕДЕЛА ОДМОР, за една петтина од Германците одморот е недостижен

Околу една петтина од населението во Германија (21 процент) вели дека не може да си дозволи една недела одмор, а проблемот е поизразен кај луѓето со пониски приходи, самците и самохраните родители, според ново истражување на Федералниот завод за статистика (Дестатис). Според податоците на Институтот, во просек 28 проценти од населението на Европска Унија не […]

ДАТА ЦЕНТРИТЕ ЈА „ГОЛТААТ“ СТРУЈАТА ВО САД, до 2030 ќе се изградат 10 нови нуклеарни централи

Министерството за енергетика на САД објави дека ќе обезбеди условни заеми во вредност од 17,5 милијарди долари (околу 15,4 милијарди евра) за поддршка на изградбата на нови нуклеарни централи и зајакнување на домашниот синџир на снабдување во секторот за нуклеарна енергија. Министерот за енергетика на Соединетите Американски Држави, Крис Рајт, изјави дека програмата треба да […]

ВО СКОПЈЕ СО НАЈНИСКА ПРОСЕЧНА КИРИЈА ЗА СТАН, ПОНИСКА И ОД ПРИШТИНА, меѓу главните градови најскап е Лондон

Просечната месечна кирија за стан со две спални соби во 40 европски градови се движи од 470 евра во Скопје до дури 3.350 евра во Женева, покажува најновото истражување на Евростат Меѓу главните градови, најскап е Лондон, каде што киријата за стан со две спални соби е во просек 3.050 евра месечно. Следат Даблин и […]