НАЈЖЕШКИОТ ДЕН НА ФРАНЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ, СРУШЕНИ 339 ТЕМПЕРАТУРНИ РЕКОРДИ, две деца починале во автомобил

Вчерашниот ден беше „најжешкиот ден некогаш забележан во Франција“ откако започнаа мерењата во 1947 година, соопшти националната метеоролошка и климатолошка служба Метео Франс. Само за еден ден беа срушени 339 нови температурни рекорди.

Националниот термички индикатор во Франција достигна рекордни 29,8 степени, според привремените податоци собрани од јавната метеоролошка служба во вторник во 17 часот, објавува Фигаро.

Вредноста, која претставува просек на дневните и ноќните температури на 30 референтни станици, ги надмина претходните историски рекорди од 29,4 степени, забележани на 25 јули 2019 година и 5 август 2003 година.

Франција се соочува со екстремен топлотен бран кој предизвика црвен метеоролошки аларм во 54 департмани и доведе до повеќе од 40 смртни случаи од давење.

Франција постави 339 нови температурни рекорди за време на својот најжежок ден откако започнаа мерењата во 1947 година, бидејќи екстремен топлотен бран го зафати поголемиот дел од земјата.

Според податоците од метеоролошките служби, апсолутните рекорди за температура се срушени на 135 станици, објави BFM TV.

Највисоката температура е измерена во Пизос во департманот Ланд, каде што се измерени 44,3 степени Целзиусови. Во истата област, станицата Саберс регистрираше рекордни 42,5 степени.

Во Велика Британија, операторот на електричната мрежа побара од производителите да го зголемат производството на електрична енергија поради ненадејното зголемување на потрошувачката за време на рекордната топлина.

Здравствените власти издадоа црвено предупредување за топлина по втор пат во историјата, предупредувајќи дека екстремните температури се опасни по живот не само за болните и старите лица, туку и за здравите луѓе.

Британските железнички оператори советуваа само неопходно патување во двата најжешки дена, среда и четврток, бидејќи поради топлината беа воведени ограничувања на брзината на возовите.

На југоисток од Франција, обдукцијата покажа дека две деца, на возраст од две и четири години, починале од последиците на екстремната топлина откако биле оставени во автомобил паркиран пред семејната куќа. Нивната мајка изјавила дека не знаела дека во возилото има деца, објави регионалниот обвинител.

Министерството за здравство на Италија издаде највисоко предупредување за топлина за 16 градови, од Фиренца и Милано до Рим, Торино и Верона.

Се очекува условите дополнително да се влошат, особено во централните и северните региони, а топлотниот бран веројатно ќе достигне врв помеѓу недела и понеделник, велат метеоролозите. Температурите би можеле да достигнат 41 степен Целзиусов помеѓу Тоскана и Емилија, додека во крајбрежните области како што е Лигурија, комбинацијата од топлина и екстремна влажност би можела да ги покачи температурите до 45 степени.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано