Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги обвини големите нафтени компании дека не ги намалуваат цените на горивата на бензинските пумпи и покрај, како што изјави, значителниот пад на цените на нафтата на пазарот.
Тој оцени дека потрошувачите се оштетени на овој начин и објави дека му наложил на Министерството за правда на САД веднаш да започне истрага за ова прашање.
Трамп додаде дека очекува цените на бензинот да почнат да паѓаат многу побрзо отколку што е случајот во моменто, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис








