Околу една петтина од населението во Германија (21 процент) вели дека не може да си дозволи една недела одмор, а проблемот е поизразен кај луѓето со пониски приходи, самците и самохраните родители, според ново истражување на Федералниот завод за статистика (Дестатис).
Според податоците на Институтот, во просек 28 проценти од населението на Европска Унија не може да си дозволи една недела одмор, бидејќи можноста за заминување зависи од приходите. Меѓу 20-те проценти од граѓаните со најниски приходи (до околу 1.600 евра месечно), речиси половина (48 проценти) не можат да си дозволат одмор, додека во следната група со приходи до 2.100 евра, тој удел е 28 проценти, објави Шпигел.
Самохраните родители (39 проценти) и луѓето што живеат сами (29 проценти) најчесто изјавиле дека не можеле да издвојат пари за одмор.
Во Европската Унија, најчесто луѓето во Романија (61 процент), Грција (47 проценти), како и во Бугарија и Унгарија (по 39 проценти) изјавиле дека не можат да си дозволат одмор, а најмалку во Луксембург (11 проценти), Шведска (12 проценти) и Холандија (13 проценти).
Фото Економија и бизнис








