Куба ја менува економијата: Се отвора кон моделот на Кина и Виетнам

Куба објави планови за реформа на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Кина и Виетнам, при што претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека планираното отворање ќе овозможи поголемо учество на приватниот сектор на местото на силно државно контролираната планска економија. Реформата сè уште треба да биде одобрена од Политбирото на Комунистичката партија и […]
Акциите на „СпејсИкс“ скокнаа за 11 отсто на историското деби на берзата

Компанијата „СпејсИкс“ (SpaceX) на Илон Маск денеска забележа рекордно деби на берзата при нејзината првична јавна понуда (ИПО), откако вредноста на акциите на отворањето скокна за повеќе од 11 отсто, достигнувајќи 150 долари во споредба со почетната цена од 135 долари. Со овој скок, пазарната вредност на компанијата се искачи на речиси два билиони долари. […]
По Париз и Мадрид, и Брисел ги укинува електричните тротинети за изнајмување

Одлуката е донесена како одговор на сè поголемиот број несреќи, на зголеменото попречување на другите учесници во сообраќајот и на злоупотребата на електричните тротинети за криминални цели.
Азески избран за в.д. претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на ЗБ6

Тој досега два пати ја предводеше Асоцијацијата на балкански комори (АБК), веќе 11 години е потпретседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и преку две децении е претседател на Стопанската комора.
Директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување договори вицепремиерот Николоски со турските министри Болат и Уралоглу

Успешните средби што денеска ги имав со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Средбите се одржаа во рамики на на македонско-турскиот […]
Дваесет години од рестартирањето: Рудник Саса продолжува да инвестира во луѓето и локалната заедница

Со серија активности и донации наменети за поддршка на локалната заедница, Рудник Саса денеска (12 јуни 2026) одбележува значаен јубилеј – 20 години од рестартирањето на рудникот. Реализираните активности и донации се уште една потврда за долгорочна посветеност на Рудник Саса кон развојот, благосостојбата и просперитетот на средината и земјата во која работи.
Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот Бизнис форум Северна Македонија – Турција

Форумот, кој денеска се одржа во Истанбул, ги обедини владините претставници, институциите и бизнис заедниците од двете земји, а преку Б2Б средбите отвори нови можности за партнерства, инвестиции и продлабочување на економската соработка
Француска поддршка за конзервирање на целокупниот аудио – и видеоматеријал на МРТ

Со француска поддршка ќе се зајакнуваат архивските служби на Македонската радио-телевизија (МРТ) за конзервирање на целокупниот аудио- и видеоматеријал. Станува збор за поголем проект во кој се вклучени радија и телевизии од регионот, меѓу кои и МРТ. Конзервацијата на аудио- и видеоматеријалот на Македонската радио-телевизија е дел и од активностите предвидени со меморандумот за соработка, […]
Мицкоски ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска со владина делегација е во работна посета на Турција на бизнис-форум во Истанбул, ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија. – Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи претставуваат цврста основа за […]
ОД МАЏАРИ ДО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЗА ПЕТ МИНУТИ: тест-тура ја покажа предноста на градскиот воз

За речиси пет минути со воз од Маџари до центарот на Скопје, наспроти многу подолго патување со автобус на истата релација, медиумите денеска направија практична споредбена тура низ главниот град во рамките на конференцијата Traffic for All – Skopje, организирана од „Го грин“. Турата почна со градски автобус на релација Карпош 4 – Маџари по […]