По Париз и Мадрид, и Брисел ги укинува електричните тротинети за изнајмување

Одлуката е донесена како одговор на сè поголемиот број несреќи, на зголеменото попречување на другите учесници во сообраќајот и на злоупотребата на електричните тротинети за криминални цели.

Електричните тротинети за изнајмување ќе бидат забранети во Брисел од 2027 година, соопштија денеска градските власти.

Одлуката е донесена како одговор на сè поголемиот број несреќи, на зголеменото попречување на другите учесници во сообраќајот и на злоупотребата на електричните тротинети за криминални цели.

Во 2025 година, 666 лица биле повредени во Брисел во несреќи во кои учествувале електрични тротинети, што претставува зголемување за повеќе од една четвртина во споредба со 2024 година.

Непрописно паркираните тротинети често го блокираат движењето на пешаците и на велосипедистите, додека јавниот обвинител во Брисел, Жилиен Моанил, истакна дека изнајмените тротинети минатата година биле користени во 25 вооружени престрелки во главниот град.

Договорите на двете компании што моментално нудат изнајмување електрични тротинети – „Болт“ (Bolt) и „Дот“ (Dott) – истекуваат на крајот од годинава и нема да бидат обновени.

Брисел не е првиот град што воведува ваква мерка. Изнајмувањето електрични тротинети веќе е забрането во Париз, Мадрид и во Прага. 

Повеќе од истиот автор

Најчитано