Перински и Димовска договорија заеднички активности за поддршка на општините, младите и иновациите

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работен состанок со директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска, на кој беа договорени повеќе заеднички активности насочени кон јакнење на капацитетите на општините, поголемо вклучување на младите и поттикнување на примената на иновативни решенија во локалниот развој. Како една од првите […]

Галичка свадба 2026: Традиција што обединува генерации и партнерства

Од 10 до 12 јули, живописниот Галичник повторно ќе биде домаќин на една од најпрепознатливите и најавтентични културни манифестации во Македонија – „Галичка свадба“. Илјадници посетители од земјава и странство и годинава ќе имаат можност да бидат дел од единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни […]

Каде што има луѓе, има и економија

Разговор со Дарко Петровски | Претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси Господине Петровски, вие сте експерт ангажиран за прашања поврзани со пазарот на работна сила и со управувањето со човечки ресурси. Ова интервју е посветено на проблемот што стана доминантен за бизнис-секторот во земјава – како воопшто да се најде соодветна работна сила со […]

Македонскиот бизнис пред огледалото на пазарот на трудот

пишува: Елена Готовска | Авторот е директор на Свисконтакт (Swisscontact) во Република Северна Македонија и Тим лидер на Швајцарскиот проект за модернизација Пред неколку месеци, за време на бизнис-дијагностика во едно средно производствено претпријатие во Источна Македонија, спроведена од страна на бизнис-советници поддржани преку Швајцарскиот проект за модернизација, имплементиран од страна на Свисконтакт (Swisscontact), сопственикот […]

Цукерберг ја откри вистината за создавањето на Фејсбук

Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук откри што, според него, филмот „Социјална мрежа“ (The Social Network) целосно погрешно прикажал. „Цукерберг го основал Фејсбук на само 19 години на универзитетот Харвард, во 2004 година. Денес неговото богатство се проценува на околу 189 милијарди долари“, пренесе Јунилад (Unilad). Филмот од 2010 година е еден од првите големи холивудски […]

Стариот континент се уште „гори“: Жештината одзема животи, илјадници без електрична енергија

Во некои делови од Европа вчера температурите на воздухот достигнаа 40 Целзиусови степени, други области беа погодени од бури, а рекордната топлина ги преоптовари здравствените системи и го наруши сообраќајот и производството на електрична енергија во Стариот Континент.Илјада дополнителни смртни случаи поврзани со топлината се регистрирани во Франција, објави францускиот институт за јавно здравје „Санте […]

Прометот на Македонската берза порасна за 47 %, најтргувана акција беше Македонски Телеком

Екран со податоци од тргувањето на Македонската берза за периодот од 22 до 26 јуни 2026 година, со раст на прометот од 47 % и најголема активност кај акциите на Македонски Телеком.

Тргувањето на Македонската берза значително се интензивираше во последната недела од јуни, со промет од 62,5 милиони денари. Македонски Телеком, Алкалоид и Комерцијална банка беа најтргуваните акции, додека најголем раст забележа Универзална Инвестициона Банка.

СП 2026: Формирани сите двојки за 1/16 финалето

Со одигрување на последните натпревари од групната фаза, познати се сите учесници во плејофот на Светското фудбалско првенство 2026.  Последни кои обезбедија учество во нокаут фазата се  Австрија и Алжир, кои одиграа нерешено 3:3 во нивниот натпревар од 3. коло од групната фаза. Австрија, со 4 бода, заврши втора во групата Ј и ќе игра […]

(ВИДЕО) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, напиша утрово  вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговата Фејсбук-страница. – На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој – додава Николоски. […]

Данска со највисока температура откако почнале мерењата во 1874 година, речиси цела Европа е зафатена од топлотен бран

Данскиот метеоролошки институт соопшти дека ја регистрирал својата највисока температура откако почнале мерењата во 1874 година. „Со 36,6 степени северно од Оденсе, го доживеавме најжешкиот ден некогаш забележан откако започнале мерењата во 1874 година“, објави метеоролошката служба во Икс. Голем дел од Европа – од Франција до Полска, поминувајќи низ хрватското крајбрежје – е зафатен […]