СП 2026: Формирани сите двојки за 1/16 финалето

Со одигрување на последните натпревари од групната фаза, познати се сите учесници во плејофот на Светското фудбалско првенство 2026. 

Последни кои обезбедија учество во нокаут фазата се  Австрија и Алжир, кои одиграа нерешено 3:3 во нивниот натпревар од 3. коло од групната фаза.

Австрија, со 4 бода, заврши втора во групата Ј и ќе игра против Шпанија додека Алжир ќе се соочи со Швајцарија.

Двојки за 1/16 финалето:

Германија – Парагвај
Франција – Шведска
Јужна Африка – Канада
Холандија – Мароко
Португалија – Хрватска
Шпанија – Австрија
САД – Босна и Херцеговина
Белгија – Сенегал
Бразил – Јапонија
Брегот на Слоновата Коска – Норвешка
Мексико – Еквадор
Англија – ДР Конго
Аргентина – Зелено’ртски Острови
Австралија – Египет
Швајцарија – Алжир
Колумбија – Гана.

Натпреварите ќе се одржат од 28 јуни до 4 јули, осминафиналето од 4 до 8 јули, четвртфиналето од 9 до 12 јули, полуфиналето на 14 и 15 јули, а натпреварот за третото место и финалето на 19 јули. 

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано