Данска со највисока температура откако почнале мерењата во 1874 година, речиси цела Европа е зафатена од топлотен бран

Данскиот метеоролошки институт соопшти дека ја регистрирал својата највисока температура откако почнале мерењата во 1874 година.

„Со 36,6 степени северно од Оденсе, го доживеавме најжешкиот ден некогаш забележан откако започнале мерењата во 1874 година“, објави метеоролошката служба во Икс.

Голем дел од Европа – од Франција до Полска, поминувајќи низ хрватското крајбрежје – е зафатен од топлотен бран, со температури што надминуваат 35 степени и ги оптоваруваат здравствените системи.

Додека топлотниот бран се движи кон североистокот на континентот, максимално црвено предупредување за опасно топло време е издадено и во Швајцарија, Германија, Австрија и Унгарија.

Според светските агенции, се очекува најмалку 193 милиони Европејци, вклучувајќи 75 милиони во Германија, да се изложени на температури од над 35 степени Целзиусови во одреден момент денеска, што е зголемување споредено со вчера.

Повеќе од истиот автор

Најчитано