Ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје – инвестиција од 92,7 милиони денари

Започнува реконструкцијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје, инвестиција вредна 92,7 милиони денари без ДДВ, со која ќе се подобрат условите за пациентите и медицинскиот персонал и значително ќе се зголеми енергетската ефикасност на објектите, информираат од Министерството за финансии. Како што посочуваат, потпишан е Договор за грант помеѓу Министерство […]
Македонски Телеком со широка национална иницијатива за побезбедна средина за младите – без насилство и омраза

Македонски Телеком започнува широка национална иницијатива за создавање средина без насилство и интернет без омраза којашто обединува кампања за подигнување на свеста, партнерства со институциите и конкретни активности за едукација и активно вклучување на младите. Со почетокот на новата учебна година започнува и кампањата „Скрши го кругот на насилството. Не биди публика.“, којашто се реализира […]
Атина со „Traffic Commander“ против метежот: 235 камери, дронови и вештачка интелигенција за 25% подобар сообраќај

Со цел подобрување на сообраќајот и справување со сообраќајниот метеж во областа Атика, поширокиот регион на Атина, од денеска официјално се воведува новиот систем „Traffic Commander“ со 235 камери, десет дронови, податоци од 24 различни извори и вештачка интелигенција, а процените се дека постепено и на подолг рок би можело да се постигне подобрување на […]
Јаневска до учениците: Учете вредно за да знаете, бидете пријатели со другите деца

Среќен почеток на новата учебна 2026 – 2027 година им посака утрово на учениците министерката за образование и наука Весна Јаневска, која во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар присуствуваше на официјалната промоција на кампањата на „Македонски телеком“ против врсничко насилство и мирни и безбедни училишта. Првиот училиштен ден таа посебно им го честита на првачињата […]
Малопродажбата во Германија во јули намалена за 3,4 отсто, најбрзо темпо во изминатите пет години

Прометот во малопродажбата во Германија е намален во јули за 3,4 отсто во однос на претходниот месец. Според Германскиот федерален завод за статистика – Дестатис – тоа намалување е со најбрзо темпо за изминатите пет години. На годишно ниво германската малопродажба бележи пад за 2,5 отсто по ревидираниот раст од 0,6 отсто во јуни. Во […]
Русија воведе дигитална рубља

Русија по неколку годишно тестирање почна масовно да ја воведува дигиталната рубља. Русите од денеска преку апликациите на најголемите банки ќе можат да пазаруваат со дигитални рубљи. Дигиталната рубља не е криптовалута. Ја издава Руската централна банка, а нејзината вредност е цврсто поврзана со редовната рубља. Главната разлика е каде се наоѓаат парите. Парите на […]
ПРИЗНАНИЈА ЗА ЧЛЕНКИТЕ НА КОМОРАТА СО ДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕИ ЗА НИВНАТА ЛОЈАЛНОСТ

Стопанската комора годинава доделува Признанија за осумнаесет (18) свои членки, компании, кои во 2026 година одбележуваат децениски јубилеј. Традиционално, како и секоја година и оваа, Комората доделува признанија на своите членки кои во 2026 година одбележуваат децениски јубилеј од своето постоење, а признанијата се доделуваат на денот на одбележување на јубилеите за секоја компанија поединечно. […]
„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива зада им донесат радост на првачињата

Пивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива насочена кон поддршка на семејствата и одбележување на еден од најзначајните моменти во детството: тргнувањето во училиште. Оваа иницијатива, која првпат беше успешно започната минатата година, повторно ќе им овозможи на семејствата чии деца овој септември тргнуваат во […]
Учениците од 4. до 9. одделение во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна година времено ќе ја започнат со онлајн настава

Учениците од 4. до 9. одделение во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна година времено ќе ја започнат со онлајн настава. Од општина Центар велат дека причината се градежните активности што Министерството за образование и наука ги реализира во дел од училиштето, а кои сè уште не се завршени. МОН даде согласност наставата да се одвива […]
Од рудник корист може да има целиот регион – професорка предлага развој на земјоделството, туризмот и рударството

Рударството може да создаде дополнителна економска активност во регионот на Иловица, а неговиот развој не мора да биде на сметка на земјоделството или туризмот, смета универзитетската професорка по геологија Соња Лепиткова. Според неа, наоѓалиштето во Иловица има исклучително поволен состав на рудата, со значаен потенцијал во бакарот. Лепиткова нагласува дека доколку рудникот работи според современите […]