Прометот во малопродажбата во Германија е намален во јули за 3,4 отсто во однос на претходниот месец.
Според Германскиот федерален завод за статистика – Дестатис – тоа намалување е со најбрзо темпо за изминатите пет години.
На годишно ниво германската малопродажба бележи пад за 2,5 отсто по ревидираниот раст од 0,6 отсто во јуни. Во прашање е најбрз годишен пад на малопродажбата од септември 2023 година, јавија германските медиуми.
извор МИА






