Стопанската комора годинава доделува Признанија за осумнаесет (18) свои членки, компании, кои во 2026 година одбележуваат децениски јубилеј. Традиционално, како и секоја година и оваа, Комората доделува признанија на своите членки кои во 2026 година одбележуваат децениски јубилеј од своето постоење, а признанијата се доделуваат на денот на одбележување на јубилеите за секоја компанија поединечно.
Осумнаесетте фирми добитници годинава се:
- АЛКАЛОИД АД Скопје – 90 години;
- МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп – 80 години;
- ЖИТО ЛУКС АД Скопје 80 години;
- ВИТАМИНКА АД Прилеп 70 години;
- СКРИН ПРИНТ ДОО Скопје – 30 години;
- РАДЕ КОЧАР – ТЕП ДООЕЛ Скопје – 20 години;
- ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје – 20 години;
- АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје – 20 години;
- ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ – 20 години;
- ЕЛВИЕТ ТРИУМИНГС ДООЕЛ Штип 20 години;
- АРС ЛАМИНА ДОО Скопје – 20 години;
- ДМЦ БАЛКАНС ДОО Охрид – 10 години;
- ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Прилеп 10 години;
- АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Струмица – 10 години;
- ПАРКЛЕНД ХОСПИТАЛИТИ ГРУП (PARKLAND HOSPITALITY GROUP) Скопје – (МАЛИКИ ГРУП) – 10 години;
- ЏОКЕР ИНС БРОКЕР АД Гевгелија 10 години;
- ФД МИНТ СН ДОО Битола 10 години;
- РЕСТОРАН ВОДЕНИЦА ОНЕ ТП, Скопје 10 години;

Одлуката за доделување признанија се темели на фактот дека повеќе децении, од почетокот на транзицијата, македонската економија постојано е изложена на влијанијата на кризите низ кои минуваше, а Комората во континуирана, директна комуникација со компаниите и согласно јавно приватниот дијалог со институциите во Владата успеа да помогне да се одржат здрави компании. Паралелно, компаниите ја препознаваат поддршката и во најтешките кризи (светска, економска, здравствена, финансиска, енергетска итн.), остануваат лојални кон нашата институција, куќа на бизнисот.








