Бизнис

Градоначалникот на Кавадарци најави повторно активирање на поранешно „Фени“

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска најави повторно активирање на кавадаречкиот комбинат, поранешно „Фени“.

- Компанијата „Golden Eagle“ - поранешно „Фени“, во првата фаза ќе врати на работа 170 работници, по што следува втора фаза со вклучување на дополнителни 500 лица, напиша Јанчев во објавата на Фејсбук.

Градоначалникот подвлече дека во април бил планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе биле ставени во функција.

- Добрата соработка помеѓу „Golden Eagle“, Општина Кавадарци, како и со Владата и премиерот Христијан Мицкоски, овозможија оваа фабрика повторно да биде активирана и ставена во функција за доброто на граѓаните и локалниот економски развој, сподели Јанчев.


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано