Lifestyle

Две карневалски групи од Струмица учествуваа на карневалот во Перник

Со маските „Африка во Струмица“ на ОУ „Маршал Тито“ од Струмица и „Бунтот на жабјето кралство“ на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ од село Дабиле, Струмичкиот карневал се претстави на на 60. јубилејно издание на Меѓународниот фестивал на маскарадни игри „Сурва“ во Перник, Република Бугарија, кој се одржа викендов, информираа од Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал.

- Со својата оригиналност, енергија и сценски настап, двете групи ги освоија симпатиите на многубројната публика и оставија силен впечаток на фестивалската сцена. Горди сме што карневалскиот дух на Струмица продолжува да се препознава и надвор од границите, носејќи ја нашата традиција, креативност и препознатливост на меѓународни манифестации - се наведува во информацијата.

Годинашниве карневалски празнувања во Струмица ќе се одржат од 18 до 25 февруари, а главната, Интернационална, карневалска вечер ќе се одржи н а 21 феверуари (сабота).


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО