Финансии / Банкарство

ТРАМП НАЈАВИ 200 ОТСТО ЦАРИНИ ЗА ФРАНЦУСКИТЕ ВИНА И ШАМПАЊ!

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека има намера да воведе царини од 200 проценти на француските вина и шампањи, како дел од пошироката закана за царини против европските земји кои се противат на неговиот план за Гренланд.

„Ќе воведам царини од 200 проценти на француските вина и шампањи, а (францускиот претседател Емануел) Макрон ќе се приклучи на мировниот совет“, изјави Трамп пред новинарите.

Макрон вчера изјави дека Франција „во оваа фаза нема намера позитивно да одговори“ на понудата за учество во тој мировен совет.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО