Вести

Америка го суспендира издавањето иселенички визи за 75 земји, на списокот и нашата земја

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го суспендира процесирањето на сите иселенички  визи за 75 земји почнувајќи од 21 јануари, објави Фокс њуз, повикувајќи се на меморандум од американскиот Стејт департмент.

Според извештајот, на списокот се следните земји: Авганистан, Албанија, Алжир, Антигва и Барбуда, Ерменија, Азербејџан, Бахами, Бангладеш, Барбадос, Белорусија, Белизе, Бутан, Босна, Бразил, Бурма, Камбоџа, Камерун, Зелен ’Рт, Колумбија, Брегот на Слоновата Коска, Куба, Демократска Република Конго, Доминиканска Репубика, Египет, Еритреја, Етиопија, Фиџи, Гамбија, Грузија, Гана, Гренада, Гватемала, Гвинеја, Хаити, Иран, Ирак, Јамајка, Јордан, Казахстан, Косово, Кувајт, Киргистан, Лаос, Либан, Либерија, Либија, Македонија, Молдавија, Монголија, Црна Гора, Мароко, Непал, Никарагва, Нигерија, Пакистан, Република Конго, Русија, Руанда, Свети Китс и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Сенегал, Сиера Леоне, Сомалија, Јужен Судан, Судан, Сирија, Танзанија, Тајланд, Того, Тунис, Уганда, Уругвај, Узбекистан и Јемен.

Причината за оваа одлука е да се намали бројот на имигранти кои би можеле да станат зависни од јавна помош во САД. Американскиот Стејт департмент ќе ја суспендира обработката на иселенички визи за граѓаните на тие земји сè додека не се спроведе преглед на постојните процедури за оценување на барањата за имигранти.

Суспензијата на обработката на визите се вклопува во строгата имиграциска политика што ја спроведува Трамп, откако ја презеде функцијата во јануари минатата година.

Во ноември, Трамп вети дека „трајно ќе ја запре“ миграцијата од сите „земји од третиот свет“ откако авганистански државјанин отвори оган во близина на Белата куќа, убивајќи припадник на Националната гарда.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано