Финансии / Банкарство
Е-фактура, дигитализација и борба против сивата економија – фокус на Министерството за финансии за 2026
25.12.2025г
Дигитализацијата на даночниот и царинскиот систем и намалувањето на сивата економија ќе бидат клучни приоритети на Министерството за финансии во 2026 година, најави министерката Гордана Димитриеска Кочоска во интервју за бизнис магазинот Економија и бизнис. Како еден од најзначајните проекти го издвои воведувањето на е-фактура, за која се подготвува и соодветна законска рамка.
Според министерката, даночните трошоци во Македонија изнесуваат околу 4,75 проценти од БДП, што претставува сериозен фискален потенцијал. „Ќе ги отвориме сите даночни и царински закони за да утврдиме каде системот губи приходи“, рече таа.
Во однос на повратот на ДДВ, Димитриеска Кочоска изјави дека исплатите се одвиваат со побрза динамика од минатата година, а задоцнувањата се резултат на засилени контроли кај компании со зголемен ризик, а не поради недостиг на средства во буџетот.
Целото интервју пролитајте го на ЛИНКОТ