Економија
Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2026 е проектиран внимателно, без зголемување на даноците
25.12.2025г
Проектираниот економски раст од 3,8 проценти за 2026 година е реално остварлив и не е заснован на оптимистичко сценарио, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во интервју за бизнис магазинот Економија и бизнис. Според неа, буџетските проекции се направени конзервативно, имајќи ги предвид глобалните економски ризици и состојбите кај клучните трговски партнери.
Министерката нагласи дека не се планира зголемување на даноците или на другите давачки за приватниот сектор во 2026 година. „Даночните стапки остануваат непроменети. Наш приоритет е сите да плаќаат даноци согласно законот, ниту повеќе, ниту помалку“, истакна Димитриеска Кочоска.
Таа додаде дека зголемената наплата на даноци и царини во 2025 година и очекуваните приходи од борбата против сивата економија треба да обезбедат стабилност на приходната страна на буџетот.
Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОТ