Вести

Почна зимата, јануари би можел да биде студен и снежен!

Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнa попладнево во 16 часот и 3 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почна летото. 

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. 

До крајот на годината остануваат уште 10 дена. 

Зимата ќе трае 88 дена 23 часа и 42 минути, односно до 20 март 2026 година кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Во регионот од недела ќе има промена на временските услови и постепено враќање на зимските услови. Зајакнувањето на воздушниот притисок од Скандинавија до западниот Атлантик ќе доведе до формирање на силен антициклон, што ќе овозможи студениот воздух да се спушти кон нашето подрачје. Во исто време, ќе се развие циклонска активност над Медитеранот.

Моменталната позиција на циклонот е нешто позападна, па затоа најголемиот дел од студената пенетрација ќе влијае на централна Европа. Засега, снег се очекува во Словенија, западна Хрватска, Горски Котар, планинските региони на Босна и Херцеговина, како и во источна и јужна Србија, претежно над 800 метри надморска височина. Во пониските региони, дождот или лапавицата се поверојатни, без формирање на значителна снежна покривка.

Божиќ според грегоријанскиот календар нема да донесе невообичаено топло време, температурите ќе се движат од -2 до +5 степени, со најстудено време во Словенија, западна Хрватска и источна Србија.

Според моменталните прогнози, студеното време би можело да трае до Божиќ според јулијанскиот календар, додека среднорочните прогнози од Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF) сугерираат дека целиот јануари би можел да биде студен и снежен, пренесуваат медиумите во регионот.


 

Фото Економија и бизнис 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано