Вести

Во Битола ќе биде отворен нов почесен конзулат на Австрија

Во Битола денеска ќе биде отворен нов почесен конзулат на Австрија, а функцијата почесен конзул ќе ја врши битолчанецот Игор Божиновски.

Почесниот конзулат на Австрија се наоѓа на улицата „Виенска“ во Битола каде претпладнево ќе се одржи свеченост, а на која од австриската амбасада најавија дека ќе се обратат австрискиот амбасадор Мартин Памер, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и почесниот конзул, бизнисменот Игор Божиновски.

Првиот почесен конзулат на Австрија во независна Македонија, во градот под Пелистер беше отворен во 2015 година, кога со егзекватура потпишана од претседателот на Република Австрија д-р Хајнц Фишер и министерот за надворешни работи Себастијан Курц, за почесен конзул беше избрана битолчанката д-р Валентина Илиева.

Во моментов во Битола активни се почесните конзулати на Франција, Романија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија. Конзулската традиција во Битола ја одржуваат и поранешниот конзулат, а денес Канцеларија за врски на Република Грција во Битола, како и генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола. 


Извор/фото МИА

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано