Вести
Уште десет дена за аплицирање за студентски ваучери за ИТ уреди
10.12.2025
Министерството за дигитална трансформација инфрмира дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери.
Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426.
-Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година, стои во соопштението на Министерството.
Оттаму потсетуваат дека рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година.
Фото Економија и бизнис