Вести
Во Крива Паланка свечено ќе биде осветлена новогодишната елка на градскиот плоштад
08.12.2025
Општина Крива Паланка денеска во 17 часот со музички хепенинг и забавен спектакл официјално ќе ја осветли новогодишната елка на централниот градски плоштад.
Од општината ветуваат забавна програма и старт на една од највпечатливите зимски манифестации во регионот.
- Оваа година општината подготви уште посјајно празнично издание и градот ќе блесне во полн сјај со свеченото осветлување на новогодишната елка. Ќе одбројуваме заедно со граѓаните и ќе го осветлиме плоштадот со илјадници светилки што ја најавуваат најубавата сезона од годината. Илјадниците светилки ќе ја претворат Крива Паланка во магична зимска бајка, создавајќи празнична еуфорија и атмосфера што ќе ги воодушеви и најмалите и најголемите, информираат од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка.
Настанот ќе понуди музичка програма, интересно шоу и журка со диџеј Боно, што ќе ја подигне празничната атмосфера исполнета со ритам, енергија и забава до доцна во ноќта.
- Подготвивме настан што ќе обедини семејства, пријатели и посетители од целата околина, момент што ќе се памети цела година, ја буди радоста, топлината и духот на претпразничните денови, велат од општината.
Ги покануваат сите граѓани, повозрасни и најмлади, да бидат дел од свеченото осветлување на новогодишната елка и заедно да го означат почетокот на најсветкавото празнично издание на градот.
Фото Економија и бизнис