Бизнис
„Иднината ќе ја водат оние што ја користат вештачката интелигенција мудро“ – Зивчевска-Сталперс за иднината на бизнисот
03.12.2025г
По две децении во Европа, Снежана Зивчевска-Сталперс денес живее во САД, каде што работи како консултант за дигитална трансформација и иновации. По MBA-студиите во Атланта, вели дека разликите меѓу Европа и Америка се големи, но комплементарни. Во интервјуто во печатеното издание на Економија и бизнис таа вели: „Холандија е повеќе структуирана и аналитична, додека САД имаат брза динамика и храброст за ризик. Јас го спојувам најдоброто од двата света.“
Говорејќи за глобалната технолошка трансформација, таа нагласува дека светот е пред нова индустриска револуција: „Вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето, но луѓето што ја користат ќе ги заменат оние што не ја користат.“ Во следните пет години, според неа, компаниите ќе станат хибридни системи на соработка меѓу човекот и алгоритмите, а лидерството ќе се мери според етичката употреба на технологијата.
За Македонија, пак, Зивчевска-Сталперс гледа можност за голем дигитален скок — но само со стратегија, инвестиции во таленти и силно партнерство меѓу државата и приватниот сектор. „Дигиталната трансформација е успешна само ако создава подобар живот за граѓаните,“ вели таа.
Целото интервју прочитајте го ТУКА