Бизнис

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО ТЕШКОТИИ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО СУРОВИНИ

Германското производство се соочува со сè поголеми тешкотии во снабдувањето со суровини. Недостигот на чипови ја влошува веќе тешката состојба во индустријата, а недостатокот е особено изразен во автомобилската индустрија, според податоците од Институтот за економски истражувања ИФО со седиште во Минхен.

Во неодамнешното истражување на ИФО, 11,2 проценти од анкетираните компании пријавиле тешкотии во набавката на суровини потребни за производство. Во октомври, 5,5 проценти од испитаниците пријавиле вакви проблеми.

Во автомобилската индустрија, 27,6 проценти од анкетираните компании пријавиле доцнења во снабдувањето со меѓупроизводи. Во октомври, тој удел бил помал од еден процент.

Производителите на електронски и оптички производи исто така се соочуваат со сè поголеми тешкотии, а уделот во овој сегмент се зголемува од 10,4 на 17,5 проценти. Слична е ситуацијата и со производителите на електрична опрема. Тука, 16 проценти пријавиле недостиг, што е повеќе од 10 проценти во претходниот месец.

Најголемите проблеми со снабдувањето во производството достигнаа врв во декември 2021 година. Во тоа време, 81,9 проценти од компаниите беа погодени од недостаток на материјали, потсетуваат од ИФО.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано