Бизнис
РАСТОТ НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО НАЈВИСОК КАЈ СНАБДУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, најголем пад кај трајни производи за широка потрошувачка
28.11.2025
Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2,8 % во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 0,2 %, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 0.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација зголемување од 26,5 %.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 2,.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9,2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 17,6 %.
Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024, е зголемено за 2,4 %.
Фото Економија и бизнис