Финансии / Банкарство

МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА УЛОГАТА НА ЗЛАТОТО ВО ГЛОБАЛНИТЕ МОНЕТАРНИ СИСТЕМИ, Србија е предводник во регионот на Западен Балкан според златните резерви

Гувернерката на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ, учествува на тридневниот Извршен форум за управување со златните резерви, кој, во ко-организација на Светскиот совет за злато (WGC) и Банката за меѓународни порамнувања (BIS), ги собира највисоките претставници на централните банки, меѓународните финансиски институции и водечките експерти од глобалниот пазар на злато од повеќе од 40 земји, соопшти денес НБС.

Обраќајќи се пред учесниците на форумот, таа ја истакна важноста на навремените и стратешки осмислени одлуки на Србија во областа на зголемувањето на златните резерви, чија важност беше препознаена уште пред зголемувањето на глобалната побарувачка од 2022 година.

Во наредните денови, како што најави НБС, Табаковиќ ќе ги запознае учесниците на форумот со искуството на Србија во зголемувањето на златните резерви до ниво од над 50 тони, со што ќе биде предводник во регионот на Западен Балкан, а ќе има и серија билатерални средби на највисоко ниво, посветени на теми од заеднички интерес.

Извршниот форум е еден од најистакнатите светски собири посветени на улогата на златото во монетарните и финансиските системи, а традиционално се одржува во рамките на меѓународните активности на BIS и WGC.

Овогодинешниот форум е карактеристичен и по тоа што гувернерот на НБС е единствениот гувернер на централната банка кој има можност да им се обрати на учесниците, што претставува значајно признание за Србија и резултат на развиената и успешна соработка со BIS во областа на купување злато на меѓународниот пазар, се вели во соопштението.

На форумот учествуваат и највисоките претставници на институциите организатори, претседателот на Банката за меѓународни порамнувања,  Пабло Хернандез де Кос, како и заменик-генералниот директор на BIS, Андреа Меклер, заедно со раководството на Светскиот совет за злато и претставници на водечките светски финансиски институции.

Форумот е можност да се дискутираат најновите трендови на глобалниот пазар на злато, да се сподели професионално искуство и да се подобри идната меѓуинституционална соработка во областа на управувањето со резерви и финансиските пазари, пренесува РТВ.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО