Бизнис

ВО ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ РАСТЕ СТРАВОТ ОД БАНКРОТ, секоја десетта компанија е во критична состојба

Секоја десетта германска компанија верува дека е во критична состојба, а ситуацијата во малопродажниот сектор е особено тешка. Според анкетата на институтот Ифо, во октомври оваа година, 8,1 процент од компаниите изразиле страв за опстанок, во споредба со само 7,3 проценти во истиот период минатата година, објави Институтот за економски истражувања со седиште во Минхен.

„Бројот на корпоративни банкроти веројатно ќе остане висок во наредните месеци“, рече раководителот на истражувањето на Ифо, Клаус Волрабе.

Компаниите во сите сектори го сметаат недостатокот на нарачки за најголема закана, но  се под притисок од зголемените оперативни трошоци и трошоци за работна сила и послабата побарувачка, што ги намалува нивните приходи, а дополнителни проблеми создава и бирократијата.

Според институтот, малопродажниот сектор е во особено тешка позиција, при што 15 проценти од испитаниците имаат сериозни економски проблеми. Во октомври минатата година, нивниот удел изнесуваше 13,8 проценти.

Стравот од банкрот е зголемен и во услужниот сектор, покажа анкетата, па приближно 7,6 проценти од компаниите веруваат дека нивниот економски опстанок е загрозен. Во октомври минатата година, нивниот удел изнесуваше 5,8 проценти.

Состојбата во индустријата малку се подобри, според намалувањето на уделот на компаниите кои ја оценуваат ситуацијата како критична за половина процентен поен, на 8,1 процент.

Песимизмот кај градежните компании значително се намали, благодарение на зголемената активност, па уделот на компаниите кои стравуваат за опстанок се намали од 7,9 на 6,3 проценти, пренесува Пословни дневник.


 Фото Економија и бизнис 

 

ПРЕПОРАЧАНО