Економија
Во октомври намалени цените во земјоделството кај растителното производство
18.11.2025
Цените во земјоделството во октомври 2025 година во однос на октомври 2024 година се намалиле за 3,2 отсто кај растителното производство, а се зголемиле за 3,7 проценти кај добиточното производство, информира Државниот завод за статстика.
Анализите покажуваат дека цените во земјоделството во октомври 2025 година, споредени со цените во октомври 2024 година, бележат намалување кај аутпутот, а зголемување кај инпутот.
- Цените во земјоделството во октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 1.7 % кај инпутот, а намалени за 1.6 % кај аутпутот. Во делот инпут, во октомври 2025 година, во споредба со октомври 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 1.5 % и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 4.9 %. Во делот аутпут, во октомври 2025 година, во споредба со октомври 2024 година, цените на растителното производство се намалени за 3.2 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 3.7 %, наведува Државниот завод за статистика.
Фото Економија и бизнис