Бизнис

Повик за субвенционирање на дел од туристичката такса од Охрид

Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање на дел од уплатената туристичка такса што ја уплаќаат физичките лица кои вршат угостителска дејност во општина Охрид.

Целта на мерката е поттикнување на физичките лица кои вршат угостителска дејност и се запишани во регистарот кој го води Градоначалникот на општина Охрид, редовно и навремено да ја подмируваат туристичката такса, со што се очекува добивање на пореален приказ за бројот остварени ноќевања.

„Дополнително таквата активност ќе придонесе кон подигнување на квалитетот на сместувачките капацитети“, се наведува во повикот.

Вкупниот износ на субвенциите не смее да го надминува предвидениот износ одобрен во Програмата Г2 за тековната година.

Во случај да има доставени барања за субвенции во вкупен износ поголем од предвидениот со Годишната програма,изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите ќе се прави редоследно според поднесување на барања во архивата на општина Охрид.

Право на субвенционирање имаат сите физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид, и тоа регистрирани во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност за сместување и поседуваат Решение за упис во регистарот, оние кои поседуваат важечко Решение за извршена категоризација на сместувачкиот објект и лица кои уредно ја уплатиле таксата за привремен престој на домашни и странски гости.

Повеќе информации заинтересираните можат да најдат на општинската интернет-страница ohrid.gov.mk . 


 

Извор МИА

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано