Бизнис

Унгарија ќе гласа против новите царини на ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, изјави дека Унгарија ќе гласа против планираните царини на Европската Унија за увоз на феролегури.

Унгарија се одлучила за овој чекор бидејќи верува дека овој потег ќе доведе до зголемување на цената на суровините што ги користат бројни европски индустриски сектори.

Феролегури се металуршки легури на железо со еден или повеќе хемиски елементи, како што се силициум, манган или хром. Тие се користат во производството на челик и други метали за подобрување на својствата, постигнување поголема цврстина и отпорност на корозија.

Во објава на Фејсбук, Сијарто изјави дека за време на утринскиот телефонски разговор со норвешката министерка за трговија, Сесили Мирсет, тој потврдил дека Будимпешта ќе го отфрли предлогот, пренесува MTI.

Според него, сегашните царини и санкции веќе значително ја оштетиле европската економија, па затоа „нема потреба од нови оптоварувања“.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано