Бизнис

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ ќе отвори Стартап центар

До крајот на годината ќе се отвори Стартап центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) - Штип  со цел да се поттикнат младите да размислуваат за својата бизнис идеја и да започнат сопствен бизнис. Универзитетскиот професор, Дарко Лазаров на Економскиот факултет при УГД-Штип денеска изјави дека овој Центар ќе обединува неколку хабови и инкубатори на различни факултети, каде студентите ќе добиваат менторска поддршка и насоки за успешно развивање на своите идеи. УГД со оваа иницијатива сака да создаде млади креатори, кои ќе бидат двигатели на економијата, а не само пасивни следбеници.

-Денес во УГД Штип се организира стартап настан, целта на настанот е да ги запознаеме студентите со мометалната состојба во делот на иновацискиот и стартап системот во нашата држава. УГД во изминатиот период и во нарединиот активно ќе работи на градење на една иновациска и предприемнича инфраструктура, која што ќе им помогне на студентите да бидат креативни и да отвораат сопствени бизниси, затоа што мисиите на наштиот Универзитет е не само да им понудиме модерно знаење, туку многу повеќе да креираме систем студентите да станат предприемачи. УГД во наредниот период ќе го промовира и универзитетскиот Стартап центар којшто ќе биде составен од неколку инкубатори, едниот од тие хабови ќе биде на економскиот факултет, другиот на Природно-технички науки, Идејата на овој центар е да им понудиме на студентите менторски програми, поучни да успешно започнат бизнис, изјави Лазаров.

 Центарот ќе почне  активно да работи од следната година потенцираше Лазаров, а како што рече тој во иднина резултатите ќе бидат видливи.

Лазаров дополни дека дека во моментот проблемот не се финансиските средства, туку недостиг на креативните идеи и недостиг на систем, кој што ќе овозможи тие идеи да станат реалност.


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано