Економија

Европскиот парламент гласа за продолжување на трговските привилегии за земјоделските производи од Западен Балкан

Во четврток, Европскиот парламент ќе гласа за предлогот за продолжување на трговските привилегии за Западен Балкан до 2030 година. Станува збор за измена на постојната Регулатива на ЕУ, која ги регулира трговските односи со земјите и териториите кои учествуваат во или се поврзани со Процесот на стабилизација и асоцијација.

Регулативата, која важи до 31 декември 2025 година, ослободува одредени земјоделски производи од Западен Балкан од царински давачки и овозможува пристап до глобалната тарифна квота за вино.

Предлогот има за цел да го продолжи спроведувањето на регулативата за дополнителни пет години, до 31 декември 2030 година, што би ја зајакнало посветеноста на ЕУ кон трговската интеграција на Западен Балкан.

Според податоците од Европската комисија, вкупната трговија меѓу ЕУ и Западен Балкан минатата година изнесувала 83,6 милијарди евра.

Вредноста на извозот на ЕУ во регионот на Западен Балкан изнесуваше приближно 49,06 милијарди евра, а увозот од регионот на Западен Балкан во ЕУ изнесуваше приближно 34,52 милијарди евра, што резултираше со трговски суфицит за ЕУ ​​од 14,54 милијарди евра, пренесува Еуроњуз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано