Економија
Во септември издадени дозволи за згради со 727 станови
11.11.2025
Во септември годинава се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6,1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 124 419 илјади денари, што е за 5,2 % помалку во однос на истиот месец лани.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (70,1 %) се наменети за објекти од високоградба, 38 (12,1 %) за објекти од нискоградба и 56 (17,8 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 314 објекти, на 229 (72,9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 85 (27,1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови со вкупна корисна површина од 69 411 м2.
Фото Економија и бизнис