Економија
ТРАМП ЌЕ ГО ПОДЕЛИ ПРИХОДОТ ОД ЦАРИНИТЕ: Речиси сите граѓани ќе добијат 2.000 долари
09.11.2025
Претседателот на САД Доналд Трамп денес вети дека на речиси сите Американци ќе им бидат исплатени по 2.000 долари од царинските приходи собрани од неговата администрација.
„Дивиденда од најмалку 2.000 долари по лице (без да се сметаат лицата со високи приходи) ќе им биде исплатена на сите“, напиша тој на својата платформа Truth Social.
„Сега сме најбогатата, најпочитуваната земја во светот, со речиси никаква инфлација и рекордна цена на акциите. 401.000 пензиски фондови се највисоките досега“, напиша Трамп.
Тој истакна дека САД добиваат трилиони долари и наскоро ќе почнат да го отплаќаат својот огромен долг од 37 трилиони долари, пренесуваат медиумите во светот.
Фото Економија и бизнис