Економија

АМЕРИКАНСКИТЕ ДОМАЌИНСТВА ВО ВЛОШЕНА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА

Финансиската состојба на американските домаќинства се повеќе се влошува, а во последниот квартал висината на  долгот им се зголеми за дополнителни 200 милијарди долари, достигнувајќи рекордни 18,6 трилиони долари. Бројот на луѓе кои имаат „минуси“ на своите кредитни картички е за 80 проценти поголем од претходната година, а бројот на оние кои не можат да ги вратат своите кредити за автомобили е за 24 проценти поголем отколку во 2021 година. Популарната американска потрошувачка филозофија „купи сега, плати подоцна“ се менува во „купи сега, страдај подоцна“.

Американскиот пазар на трудот  ја изгуби силата. Нема повеќе вистински работни места, особено во канцелариите, а жртвите се претежно млади луѓе кои едвај ги завршиле студиите.

Учеството на дипломирани студенти кои се невработени најмалку шест месеци изнесува една третина. Пред околу 20 години, овој удел беше една петтина. Влошувањето на пазарот на трудот ќе влијае на економскиот раст на САД, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано