Бизнис
Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид пред најголема финансиска загуба во својата историја
07.11.2025г
Шпанскиот кошаркарски гигант Реал Мадрид ќе ја регистрира својата најголема финансиска загуба во историјата, проценета на 38 милиони евра за сезоната 2025/2026, објави денеска „2PlayBook“.
Според истиот извор, се очекува само платите на кошаркарите да достигнат 49 милиони евра, што е зголемување од 26 отсто во споредба со минатата година.
И покрај загубите, сепак, Реал Мадрид очекува и вкупните приходи да пораснат за 5,4% и да достигнат 1,5 милијарди евра.
Клубот планира во иднина да го насочи своето внимание кон проектот НБА Европа, што би можело дополнително да ги зголеми приходите.
Дел од грчки медиуми изминатиот период објавија дека Реал Мадрид, како и Барселона, размислуваат да ја напуштат Евролигата и да играат во Лигата на шампионите на ФИБА, како чекор кон новото натпреварување поддржано од НБА.
ФОТО: ЕПА